Вила ANASTASIA Lux - Полихроно

Вила "Anastasia Lux" се наоѓа на 100m од плажа во центарот на Полихроно веднаш наспроти хотел "Posedonio". Располага
со комплетно нови, луксузно опремени и комфортни 1/3+1 студија за 4 лица (едно дупло легло и едно единечно легло од
кое се извлекува уште едно и доаѓа на исто ниво). Сите студија се опремени со тоалет, кујна, тераса со поглед кон
улицата, ТВ, клима - вклучена во цената. Во склоп на вилата има паркинг за гостите на вилата кој можат да го користат
бесплатно, доколку има слободни места.
Студијата се наоѓаат на приземје.