Вила ANASTASIA - Полихроно

Вила "Anastasia" се наоѓа на 100m од плажа во центарот на Полихроно веднаш наспроти хотел "Posedonio". Располага со
апартмани со една спална за 4 лица на I кат (брачен кревет во спална и две единечни легла во кујна). Апартманите се
опремени со голема кујна, голем фрижидер со комора, шпорет со рерна, трепезариска маса во дневната, просторна тераса
(масичка со столчиња) со поглед кон улицата, напред на која се излегува и од двете соби, ТВ, клима - вклучена во цената
(климата е поставена во дневната соба). Под вилата има паркинг за гостите на вилата кој можат да го користат бесплатно,
доколку има слободни места.
Апартманите се наоѓаат на I кат.