Вила AKIS Олимпил Бич

Вила “Akis” се наоѓа на самата пешачка зона во Олимпик Бич и на 20m од плажа. Вилата располага со 1/2 студија, 1/2+1
студија со две редовни и едно дополнително легло, како и дуплекс апартмани со две одделни спални и голема дневна
соба во која има петосед на расклопување. Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку
лица према број на легла + аспиратор, фрижидер...), тоалет,огледало, туш, фен за тело, балкон (масичка со столчиња) со
поглед на море/плажа, клима (БЕСПЛАТНА), ТV-LCD , гардеробер, сушара. На располагање на гостите е бесплатен
интернет. Студијата и апартманите се на први и втори кат и имаат просторни тераси со поглед кон плажа/море и
пешачката зона.