Истанбул

ДЕЛТА МТС

Истанбул

 

previous arrow
next arrow
Slider

 

 ИСТАНБУЛ 3НП

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 215 € / 13.287 ден

 

 

Хотел Glorious 3+* – 215 еур

Хотел Grand Washington 4* – 229 еур

 
 

1 Ден 29.12.2019 (Недела)

Состанок на групата на аеродром два часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines во 09:05 со бр. на лет TK 1004. Слетување во Истанбул во 12:45 и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности: Прошетка по Лалели, посета на некој од познатите трговски центри како на пример Форум со можност за посета на Аквариумот или посета на Азискиот дел на Истанбул со метро преку подводниот тунел под Босфор-Мармарис. Ноќевање.
 
 

2 Ден 30.12.2019 (Понеделник)

Појадок. По појадокот, Факултативно- разглед на градот со стручен водич: Посета и влез во локалитетите: Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела – сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величествениот; Џамијата Султан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, Црквата Аја Софија, подоцна пренаменета во џамија, а денес работи како музеј, Посета на Цариградската Патријаршија позната и како Вселенска Патријаршија, една од 14-те Автокефални православни цркви, Посета на Pierre Loti, познато место од каде се пружа најубавиот поглед на Истанбул. Враќање во хотел или Предлог: шопинг во Капали Чаршија, една од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 1200 улици. ФАКУЛТАТИВНО – Да се доживее Истанбул ноќе-Предновогодишна забава на брод TURNA TUR или PEREME TOUR : со вечера, пијалок и ориентална програма со музика и танчерки или посета на ресторан. Враќање во хотел. Ноќевање.
 
 
 

3 Ден 31.12.2019 (Вторник)

Појадок. Факултативна посета на најубавата султанска палата со непроценливо богатство, Палатата Долма Бахче Сарај со стручен водич. Факултативно крстарење со брод по Босфор, со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот и мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. Враќање во хотел или слободно попладне за шопинг и прошетка на познатата улица Истиклал на Таксим, или посета на трговскиот центар Џевахир. ПРЕДЛОГ-ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА на отворено во монденскиот дел на Истанбул-Ортакој познат како Истанбулски Монмартр (индивидуално). Враќање во хотел. Ноќевање.
 
 
 

4 Ден 01.01.2020 (Среда)

Појадок. Одјавување од хотел до 12:00. Слободно претпладне за индивидуални активности. Предлог: Посета на трговскиот центар Sapphire сместен во највисоката зграда во Европа (236 м) од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на Истанбул. Виртуелна прошетка низ Истанбул со хеликоптер во 4D кино. (надлетување на најзначајните историски обележја: Аја Софија, Топ Капи, Моминската кула, Босфор, Цистерната, Галата мостот...) Враќање во хотел. Организиран трансфер од хотел до аеродром околу 16:30. Полетување за Скопје во 20:10 со бр. на лет ТК 1005. Слетување во Скопје во 19:50.
 

  • Авио билет: Скопје-Истанбул-Скопје
  • Организиран трансфер: аеродром-хотел-аеродром
  • 3 ноќевања со појадок во хотел Glorious 3+* или Grand Washington 4*
  • Организација и пратител на патувањето

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА

 

  • Аеродромски такси 121 еур – 7478 мкд
  • Целодневен разглед на градот со локален водич, превоз и влезници за Топ Капи и Аја Софија (65 евра)
  • Посета на Палатата Долма Бахче и крстарење по Босфор (68 еур со вклучена влезница, превоз и водич)
  • Предновогодишна забава на луксузен брод или ресторан (вечера, пијалок, ориентална програма и трансфер)
  • Патничко и здравствено одигурување 185 мкд

НАПОМЕНИ

  • Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 61.8 мкд)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци од денот на патувањето
  • Краен рок за пријавување 15.12.2019, Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
Локација

ул.Орце Николов бр:164
Kавадарци, Македонија

Контакт

Eмаил: info@deltamts.com
Тел: (389) 43420100

Работно време

Пон - Пет: 09:00 - 17:00
Саб: 10:00 - 13:00